Американскиот бренд Guess најавува шик модна сезона. Новата колекција Guess by Marciano ги испраќа жените на патување низ гламурозните 70-ти и бунтовните 80-ти години.
Женствени тесни фустани и здолништа, дамски широки панталони, реси, крзно и плетива се застапени во колекцијата за претстојната сезона, па клиентките на Guess by Marciano несомнено ќе бидат во чекор со најновите светски модни трендови.
Цветниот и змискиот принт внесуваат динамика меѓу креациите во црни, бели, црвени и розови нијанси.
Вестерн и рок стил се преплетуваат во колекцијата Guess Jeans, која е инспирирана од Нешвил, Тенеси. Карактеристично за тој американски регион е што токму таму кантри музиката се среќава со рокенролот. Сосема очекувано, доминираат фармерските модели. Тексас јакни, кошули и модерни фармерки се „судираат“ со рок елементи.
Рекламната кампања за Guess Jeans е дело на германската фотографка Елен фон Унверт, а во неа ѕвезди се Србинката Бојана Крсмановиќ, Џиџи Хадид, Саманта Хупс и Јара Хмидан.