Џенифер Лопез е ретро убавица за Guess.
50-годишната пејачка сними фотосесија за врвниот моден бренд инспирирана од италијанските филмски ѕвезди од 60-тите, Мадона во 80-тите и од легендарната Софија Лорен.
„Кога и да снимам фотосесија, секогаш помислувам на лик кој можам да го одглумам и многу се забавувавме правејќи го тоа при снимањето на оваа кампања. Идејата овојпат беше да се создаде микс помеѓу италијанските филмски ѕвезди од 60-тите, помешани со Мадона од 80-тите, помешани со Софија Лорен“ – изјавила Лопез.
Во декември 2018 година беше објавено дека Џеј Ло стана Guess-девојка.