Како заштитно лице на Guess, Џенифер Лопез присуствуваше на моден настан на популарниот бренд во Лос Анџелес.
48-годишната музичка дива изгледаше гламурозно во светло син стајлинг од американската модна куќа, додека заводливо позираше пред фоторепортерите.
За да го направи својот изглед поспектакуларен, Џеј Ло додаде и блескав дијамантски накит.
Атрактивната пејачка и актерка беше придружувана од нејзиниот партнер Алекс Родригез.
Настанот беше огранизиран за промоција на колекцијата пролет/лето 2018 на Guess.