Guess by Marciano не ги изневери очекувањата на своите клиентки за сексапилна, елегантна и забавна колекција.
Инспирирана од гламурозните 70-ти и бунтовните 80-ти години, новата колекција е синхронизирана со актуелните модни тенденции – кожа, високи шлицови, кратки блузи во комбинација со здолништа со висок струк, плисе и крзно.
Визуелниот дел на кампањата есен/зима 2014 му беше доверен на артистичкото дуо Hunter & Gatti. Јара Хмидан, Рејчел Мортенсен и Солвејг Морг се моделите кои блескаат во новите креации.