Миранда Кер застана пред објективот на австралискиот фотограф Расел Џејмс за фотосесијата за новото издание на „Вог“ Тајланд.
32-годишната манекенка позираше во розови креации од познати модни брендови за декемвриското издание на модната библија.
На насловната страница, атрактивната Австралијка носи креација од Александар МекКвин.