Криси Тиген наскоро ќе стане мајка. По долга битка со неплодност, славниот модел и нејзиниот сопруг Џон Леџенд ќе добијат девојче.
Во текот на бременоста, Криси постојано беше под лупата на медиумите, а нејзините фанови непрекинато го коментираа нејзиниот стил. На моменти таа умешно го сокриваше трудничкото стомаче, но најчесто го истакнуваше со тесни фустани. „Отсекогаш сакав да бидам личност која го покажува стомачето, затоа што сметам дека изгледа убаво“ – изјави таа, коментирајќи го својот стил.
30-годишната идна мајка го зачува сексапилниот изглед, експериментирајќи со трендови кои многу други бремени жени ги избегнуваат – високи шлицови, кратки маички кои го разголуваат стомакот, супер кратки фармерски панталончиња, проѕирни фустани... Неретко нејзините комбинации вклучуваат долги наметки.
Тргнете на турнеја низ трудничките стајлинзи на Тиген.