Убавината се крие во едноставноста. Новата кампања на Ралф Лорен магнетски го привлекува женскиот поглед заради софистицираните комбинации во бела и сива боја.
Моделите Ана Селезнева, Андреа Диакони, Бруна Тенорио и Валентина Зелјаева како вистински дами позираа за Картер Берг.
Колекцијата есен/зима 2014 на 79-годишниот моден ветеран е вистинска мамка за жените кои тежнеат кон префинет изглед зачинет со суптилен сексапил. Елеганцијата е инкорпорирана и во дневните и во вечерните креации, додека деликатните материјали и акцентите од крзно се пресудни за финалниот луксузен ефект.