Селена Гомез ја продолжи соработката со Coach.
25-годишната пејачка, која е заштитно лице на американскиот бренд, ја сними третата кампања. Селена носи романтични фустани додека презентира дел од чантите од колекцијата есен 2018.
Зад објективот застана фотографот Стивен Мејзел.
„Ми се допаѓа начинот на кој оваа сезона ја поттикнавме бандата на Coach да биде поразлична, поуникатна и во целост, кул во своето однесување. Јас ги гледам луѓето тука во Њујорк како уживаат да се дотеруваат и тоа е многу важно за мене“ – изјави Стјуарт Веверс, креативниот директор на брендот.