Почетна » Новости » Мода » ФОТО: Ријана ја претстави првата модна колекција за River Island

ФОТО: Ријана ја претстави првата модна колекција за River Island

Ријана ја презентира својата прва колекција за модниот бренд River Island. Популарната пејачка соработуваше со дизајнерот Адам Селман за колекцијата пролет/лето 2013, прикажана во Лондон.

Смелата колекција составена од 120 парчиња е наменета за дрските девојки, полни со индивидуалност. На 9-минутната презентација беа прикажани здолништа со висок шлиц, кратки маички кои го разголуваат стомакот, проѕирни фустани, деним креации инспирирани од стилот во 90-тите.

Колекција на Ријана Колекција на Ријана Колекција на Ријана Колекција на Ријана Колекција на Ријана Колекција на Ријана Колекција на Ријана Колекција на Ријана Колекција на Ријана Ријана

Модните експерти не се воодушевени од идејата Ријана да учествува на Лондонската модна недела, и покрај тоа што нејзината ревија не беше вклучена во официјалниот распоред. Многумина сметаат дека тоа му штети на угледот на модната манифестација, па критиките за ревијата варираа од „не разочара, но не се покажа како особено возбудлива“ до „хорор шоу“.

Погледнете ја целосната модна презентација:

Ова не е прв чекор на Ријана во светот на модата. Пред неколку сезони таа креираше мини колекција за Армани.

24-годишната ѕвезда веќе започна да работи на втора колекција за River Island.

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 15%
  • 24%
  • 61%
Се испраќа...

(Вкупно: 20815 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.