Ријана мамеше погледи во елегантно издание на ревијата на Кристијан Диор во Париз. 27-годишната музичка ѕвезда од првите редови го следеше модното шоу на француската модна куќа.
Ревијата на која беше презентирана колекцијата пролет/лето 2016 се одржа во Лувр во восхитувачка купола прекриена со 400.000 цветови.
Ријана, која е заштитно лице на Диор, на шоуто се појави со својата мајка Моника, братот Раџат Фенти и пријателката Мелиса Форде.