Се сеќавате како десната нога на Анџелина Џоли стана вистински хит на Оскарите? Ања Рубик очигледно сакаше слично како Џоли да привлече внимание со разголениот бежов фустан на балот МЕТ.
Високиот шлиц на Ања навистина ги собра погледите, но предизвика и лавина од негативни коментари. Преслабата манекенка ги покажа истакнатите коски на колкот и отсуството на долна облека, па многумина не успеаја да ги голтнат острите забелешки и критики.
И покрај високиот шлиц на фустанот од актуелната колекција на Антони Вакарело, Ања делуваше целосно релаксирано на црвениот тепих и не покажа ништо повеќе од планираното.