Почетна » Новости » Мода » ФОТО: Бијонсе воодушеви со драматичен фустан на балот МЕТ 2012

ФОТО: Бијонсе воодушеви со драматичен фустан на балот МЕТ 2012

Бијонсе беше една од ѕвездите кои дефинитивно го грабнаа вниманието на вчерашната гала вечер во музејот на уметноста „Метрополитен“ во Њујорк.

Бијонсе

30-годишната пејачка со став на вистинска дива носеше драматичен фустан на Живанши од колекцијата висока мода. Веднаш по нејзиното појавување на црвениот тепих, сите објективи на фоторепортерите беа насочени кон неа и проѕирниот фустан кој ги оцртуваше нејзините облини.

Бијонсе

Долгиот фустан беше завршен со пердуви кои постепено од црни преминуваа во виолетови. Поради богатиот изглед на фустанот, Бијонсе носеше минимален накит, а косата ја имаше собрано во ниско елегантно коњско опавче.

Бијонсе

Гламурозниот фустан си го направи своето и Бијонсе заврши на сите листи за најдобро облечени дами на најголемата фешн вечер на годината.

Бијонсе

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 15%
  • 24%
  • 61%
Се испраќа...

(Вкупно: 20802 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.