Брилијантниот Маноло Бланик ја објави колекцијата обувки за сезоната пролет/лето 2012. Со користење на својата бескрајна имагинација и имплементирање на еднакви дози на грациозност и екстравагантност, познатиот дизајнер уште еднаш создаде неповторлива колекција.
Некои од моделите се класични, но други се толку несекојдневни и уникатни што потребно е само еднаш да ги видите за секогаш да можете да ги препознавате. Од огнени до ладни и неутрални нијанси, од еднобојност преку колор-блокинг до разновидни принтови, лудите стилови на Бланик повторно се тука за да ги освојат модните зависнички.