Маноло Бланик подари уште една колекција која може да се опише како рај за женските очи. Брилијантниот Бланик, кој креирањето на обувки го претвори во уметност, нема намера да го отстапи своето место меѓу најомилените дизајнери.
Колекцијата есен/зима 2011 изобилува со разновидност, невообичаени форми и по малку ексцентрични детали.
Фасцинантните обувки кои кријат еднакви дози стил и сексапил имаат тенденција да ја маѓепсаат секоја жена што ќе ги здогледа.