Колекцијата обувки на Џузепе Ѕаноти за сезоната есен/зима 2011 е вистинско задоволство за очите. Преку различни стилови, материјали и многу имагинација, италијанскиот дизајнер успеа да долови елеганција во секој модел.
Користејќи црна, сина, црвена, но и силни неонски бои, како и змиски, крокодилски и леопардски принт, искусниот Ѕаноти на одличен начин ги вклопи трендовите на идната сезона во своите обувки.