Џими Чу ги најавува трендовите за наредната сезона. Популарниот бренд, кој редовно присуствува на гламурозните холивудски настани, ја претстави колекцијата чанти и обувки наменети за деновите кои следат по збогувањето со летото.
Во колекцијата „pre-fall“ свое место си најдоа сандали на висока штикла, класични чевли со шпиц, едноставни елегантни чизмички и ниски балетанки и моторки.
Перфорираната кожа, префинетата чипка, синџирчињата, малите токи и ѕвездените метални декорации се деталите кои им даваат препознатливост на моделите.