Роберто Кавали за наредната сезона подготви колекција модни додатоци кои можат да ги задоволат вкусовите и на најпребирливите. Искусниот дизајнер со спој на сензуалното и романтичното направи еклектичка колекција на обувки и чанти на која не ѝ одолеаја ниту најголемите критичари.
Од гравираните барокни потпетици во неутрални бои, до ниските сандали во весели бои кои го следат трендот „колор-блокинг“, Кавали во секој модел умешно го вклопи својот уникатен и препознатлив стил.