Една од најомилените и најбараните манекенки во моментов, Карли Клос, се соблече гола за декемвриското издание на „Вог Италија“.
Фотосесијата со новиот ангел на Victoria's Secret ја направил Стивен Мејсен, а едиторијалот носи наслов „Body by Kloss“.
Главната уредничка на италијансиот „Вог“, Франка Соцани, ја нарече 19-годишната манекенка „The (new) Body“ (Телото), како што досега беше нарекувана само легендарната Ели Мекфирсон. Како што можете да видите, Карли со своето извајано тело сосема го заслужува тој прекар.
Карли е во модната индустрија од 14-годишна возраст. Кога имаше само 16 години таа продефилира на вкупно 31 ревија за време на Њујоршката недела на модата.
Неодамна потпиша договор со Victoria's Secret и за првпат им се приклучи на останатите ангели на пистата на последното шоу на овој бренд. На забавата одржана по шоуто, Карли наводно го уловила погледот на Леонардо Дикаприо. „Тој не можеше да ги тргне очите од неа“ – пишува The New York Post.