Џенифер Лопез ја продолжи соработка со брендот Kohl’s. 44-годишната пејачка и актерка ги објави модните предлози за сезоната есен 2013.
„Прекрасни, женствени силуети освежени со смели бои и принтови“ – стои во описот на новата колекција, која вклучува комфорна секојдневна облека и тесни вечерни фустани.
Колекцијата содржи и постелнина со модерен изглед.