Џенифер Лопез не дозволува музичката кариера да ја паузира нејзината соработка со „Kohl’s“. 43-годишната пејачка создаде уште една колекција за познатиот ланец продавници, која сигурно ќе биде одлично прифатена од нејзините обожавателки.
Зимската колекција вклучува лежерни фармерки, панталони, елегантни блузи, фустани за вечерни излегувања, секојдневни чизми со платформа, дамски чанти и префинети модни додатоци. Од боите преовладуваат темнозелената, црната, белата и бежовата.
Погледнете што препорачува Џеј-Ло за претстојните месеци: