Почетна » Новости » Мода » ФОТО: Невестинскиот фустан инспириран од „Frozen“ на Дизни

ФОТО: Невестинскиот фустан инспириран од „Frozen“ на Дизни

Брендот Алфред Анџело во соработка со Дизни секоја година изненадува со колекција венчаници инспирирани од хероините од незаборавните цртани филмови.

Годинава невозможно беше да се прескокне невестински фустан кој го отсликува стилот на снежната кралица Елса од хитот „Frozen“.

Фустан инспириран од Frozen Фустан инспириран од Frozen Фустан инспириран од Frozen

На ревија во Њујорк беше претставен фустанот во нежна ледено сина нијанса, изработен од слоеви сатен, тул, блескава мрежа и органза. „Лик како Елса е огромна инспирација за секој дизајнер. Таа е убава и елегантна и нејзината внатрешна убавина зрачи кога таа конечно самоуверено ќе покаже дека не се плаши да биде она што е“ – вели Микеле Пичоне од Алфред Анџело за InStyle.

Фустан инспириран од Frozen Фустан инспириран од Frozen

Фустанот ќе биде пуштен во продажба во јануари по цена од 1.399 долари.

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 15%
  • 24%
  • 61%
Се испраќа...

(Вкупно: 20923 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.