Со премиерата на македонскиот филм „Лена и Владимир“ официјално заврши
На свеченото затворање кое се одржа во Центарот на културата, присуствуваа бројни филмски уметници и вљубеници во филмот.
Непосредно пред да се спуштат завесите на манифестацијата, претседателот Стево Пендаровски со сопругата Елизабета Ѓеоргиевска, директорот на фестивалот Симеон Мони Дамевски и директорката на Центарот на културата Маја Андоновска Илијевски ги предводеа гостите на црвениот тепих.
Едноставноста доминираше меѓу стајлинзите. Првата дама шармираше со кежуал елеганција, додека актерката и директорка Маја избра впечатлив фустан со ефектна панделка.
Хостесите на фестивалот беа облечени во црно-бели комбинации со кошули и кратки здолништа од познатиот битолски бутик „Ермитаж“ и позираа заедно со една од сопственичките Офелија.
Заразна ведрина и позитивност донесе на црвениот тепих екипата на „Лена и Владимир“.