Илјадници гости синоќа ја исполнија салата „Ројал Алберт Хол“ по повод доделувањето на Британските модни награди.
Ѕвезди од светот на модата и шоу-бизнисот парадираа на црвениот тепих во Лондон, обидувајќи се да привлечат позитивни критики со своите стајлинзи.
За време на манифестацијата, Џиџи Хадид ја прими наградата Интернационален модел, модната куќа Alexander McQueen беше почестена со наградата Британски бренд, за Vetements беше резервираната наградата Интернационален урбан луксузен бренд, а во рацете на Алесандро Микеле од Gucci заврши наградата Интернационален дизајнер на модни додатоци.
Погледнете како изгледаа гостинките и оценете го нивниот стил: