Вкупно 4.000 гости моментално присуствуваат на најзначајната вечер за британската модна индустрија. На свеченоста во „Royal Albert Hall“ во Лондон, вечерва ќе бидат доделени Британските модни награди.
Џиџи Хадид е меѓу ѕвездите кои оставија најсилен впечаток на црвениот тепих. Славниот модел самоуверено позираше во креација со сваровски кристали од Версаче.










На свеченоста присуствуваше и мајката на Џиџи, Јоланда Хадид.


Џиџи е номинирана во категоријата „Интернационален модел“ и големи се шансите дека ќе ја освои наградата.



