Донатела Версаче беше избрана за Модна икона од страна на британската модна индустрија.
62-годишната дизајнерка, која стои зад врвната модна куќа Versace, се закити со посакуваната награда на церемонија што синоќа се одржа во Лондон.
Сосем очекувано, популарната креаторка за свеченоста избра фустан од своето ателје.
На црвениот тепих, Донатела пристигна со возачот во „Формула 1“, Луис Хамилтон.
Тие позираа и со ирскиот ММА борач, Конор МекГрегор.
Наградата ѝ ја додели Наоми Кембел, која се појави на сцената во колоритна креација токму од Версаче.
За забавата по свеченоста, Донатела се пресоблече во краток фустан и чизми до над колена со златни детали.