• Понеделник, 28 Јануари 2019 11:50
Синоќа, во „Микрософт“ театарот во Лос Анџелес се одржа свеченото доделување на SAG (Screen Actors Guild) наградите.
Главната награда на вечерта ја доби „Black Panther”. Филмскиот хит на Марвел ги победи конкурентите „A Star Is Born“, „Bohemian Rhapsody“, „Crazy Rich Asians“ и „BlacKkKlansman“ и ја освои наградата за Извонредна изведба на филмска екипа.
Статуетката за Најдобар актер очекувано заврши во рацете на Рами Малек за портретирањето на Фреди Меркјури во „Bohemian Rhapsody“, додека за Најдобра актерка беше прогласена Глен Клоус за „The Wife“.
Наградата за Најдобар актер во споредна улога му припадна на Махершала Али за „Green Book“, а Емили Блант се закити со статуетката за Најдобра актерка во споредна улога за „A Quiet Place“.
Кога станува збор за телевизиските серии, во категоријата драма победник е „This Is Us“, додека во категоријата комедија се истакна „The Marvelous Mrs. Maisel“.
Погледнете како изгледаа славните дами на сивиот тепих и оценете го нивниот стил:
Лејди Гага во Dior
Кетрин Зета Џонс во Zuhair Murad
Емили Блант во Michael Kors
Робин Рајт во Oscar de la Renta
Рејчел Вајс во Givenchy
Марго Роби во Chanel
Софија Буш во Monique Lhuillier
Џејн Фонда во Valentino
Елен Вонг
Менди Мур
Ема Стоун во Louis Vuitton
Ејми Адамс во Celine
Патрисија Кларксон во Zuhair Murad
Мишел Јео во Elie Saab
Кришел Стаус
Карина Банда
Алисон Бри во Miu Miu
Аманда Бругел
Јара Шахиди во Fendi
Елизабет Мос во Monique Lhuillier
Софија Хублиц
Џема Чан во Oscar de la Renta
Емили Осмент
Рене Барг
Мелиса Танг
Стефани Шепхерд
Реа Сихорн
Сандра О во Jenny Packham
Рејчел Броснахен во Dior
Дарси Карден
Самира Вили во Georges Chakra
Анџела Басет во Georges Chakra
Кара Сантана
Глен Клоус
Келти Најт
Лора Хариер во Loewe
Шакира Берера
Сидни Свини во Delpozo
Џулија Гарнер
Констанс Ву во Oscar de la Renta
Сузан Келечи Вотсон
Фиона Шије
Лупита Нионго во Vera Wang
Луси Бојнтон во Erdem
Румер Вилис во Ong Oaj Pairam
Меган Малали во Alexander McQueen
Мелиса Мекарти
Данаи Гурира во Ralph & Russo