Списанието „Billboard“ како секоја година, па така и оваа, не пропушти да ги награди најдобрите во музичката индустрија за годината која измина. Бројни личности од шоу-бизнисот се упатија кон арената „T-Mobile“ во Лас Вегас за да бидат дел од големиот настан.
За свеченоста, Зухаир Мурад им позајми свои креации на Џесика Алба, Мила Кунис и Луси Хејл, Аријана Гранде и Пријанка Чопра својот изглед ѝ го доверија на модната куќа Версаче, Бритни Спирс се појави во креација од Рим Акра, а Кејт Бекинсејл шармираше во бел фустан од брендот Hamel, кој е основан од сопругата на Харис Џиновиќ, Мелина.
Погледнете како изгледаа славните дами и оценете го нивниот стил: