Почетна » Новости » Мода » ФОТО: Мишел Вилијамс е новото заштитно лице на Луј Витон

ФОТО: Мишел Вилијамс е новото заштитно лице на Луј Витон

Мишел Вилијамс е новото лице на Луј Витон. 32-годишната актерка е ѕвездата од кампањата есен/зима 2013 на француската модна куќа.

Во центарот на двете рекламни фотографии се новите чанти W и Capucines, а Мишел е облечена во креации од есенската колекција на Витон, дизајнирана од Марк Џејкобс.

Мишел Вилијамс Мишел Вилијамс

Кампањата е дело на германскиот фотограф Петер Линдберг.

Не е тајна дека Мишел е обожавателка на модата на Витон. За Оскарите 2012 таа имаше избрано долг женствен фустан од познатиот бренд.

Мишел ВилијамсМишел Вилијамс на Оскарите 2012

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 15%
  • 24%
  • 61%
Се испраќа...

(Вкупно: 20816 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.