Како амбасадор на Луј Витон, Леа Сејду ги презентираше моделите од новата круз колекција за 2021 година.
35-годишната ѕвезда од филмовите за Џејмс Бонд, „Spectre“ и претстојниот „No Time To Die“, игриво позираше пред објективот на Крег Мекдин.
Колекцијата наречена „Game On“ е инспирирана од четирите знаци на картите – треф, пик, каро и срце (детелина, лист, ромб и херц). Симболизмот на шпилот карти, кој е најлојалниот придружник на патниците, е дека моќта на играта може да ја зајакне сплотеноста.