Луисана Лопилато продолжува да ги шармира клиентите на „Ultimo“. 25-годишната актерка со својот привлечен изглед и нежен сексапил на совршен начин ја презентира долната облека на познатиот бренд.
Во најновата фотосесија харизматичната Аргентинка, која кај нас е позната по улогата на Миа Колучи во „Млади бунтовници“, мами погледи облечена во креациите од луксузната линија „Black Label Collection“.
Луисана минатата година стана заштитно лице на брендот „Ultimo“.