Кристијано Роналдо неодамна ја претстави на модните писти својата втора колекција обувки, а сега ја објави и кампањата за истата.
„Многу сум посамоуверен овој пат, бидејќи веќе имам поминато низ целиот процес“ – изјавил португалскиот фудбалер.
Колекцијата се базира на класични, формални стилови. Секој пар од линијата „CR7“ е изработен рачно во Португалија.