Кара Делавин е гламурозна дива во новата кампања на Сен Лоран. 23-годишната манекенка ја претстави колекцијата висока мода есен/зима 2016 на познатата француска модна куќа.
Делавин краток период ја имаше ставено на пауза својата кариера како модел за да се посвети на актерството.
Црно-белата фотосесија била снимена во Њујорк, а зад објективот застанал креативниот директор на Сен Лоран, Еди Слимен.