Зухаир Мурад секоја сезона креира нешто ново и свежо за своите клиентки.
При создавањето на колекцијата пролет/лето 2024, либанскиот дизајнер се инспирираше од раздвижениот начин на живот во Мајами.
Модерните дизајни со украсни брошеви со палми и деликатна тантела се направени во нијанси кои асоцираат на прекрасни пејзажи и зајдисонца покрај морето.
„Одвеана на гламурозните брегови на Мајами, колекцијата на Зухаир Мурад нè носи на волшебно патување каде вечната примамливост на бескрајните лета и живите друштвени сцени заземаат централно место“ – стои во описот на колекцијата.