Жизел Бундхен ја прослави 20-годишнината од својата кариера со пет едиторијали за „Вог“ Бразил.
Мајското издание, кое е посветено на 40-годишнината од основањето на модното списание во Бразил, има четири теми – земја, оган, вода, воздух и за секоја од нив 34-годишната Бразилка има снимено соодветен едиторијал.
За фотосесиите биле задолжени повеќе фотографи меѓу кои прочуеното дуо Инез и Винуд, Пауло Вајнер, Зи Нунес и Ги Паганини.
Во интервјуто Жизел изјавила дека сакала да направи нешто специјално за ова издание на списанието. „Кога дојде идејата да направиме нешто специјално со „Вог“ во чест на 20-годишнината од мојата кариера и 40-годишнината на списанието, знаев дека не сакам тоа да биде само мода. Сакав да покажам нешто повеќе, нешто што е дел од мојата природа“ – рекла Бундхен.
„Ако не можеш да го промениш правецот на ветерот – прилагоди ги едрата“ – напиша Жизел на Instagram на една од фотографиите.