Барселонскиот бренд Rosa Clara го освојува светскиот пазар со софистицирани венчаници, но и со ултра гламурозни фустани за свечености.
Дамите кои сакаат да се чувствуваат како ѕвезди ќе се заљубат во новата колекција инспирирана од 30-тите години.
Уникатен динамичен танц на деликатни мониста ја краси секоја креација. Доминантни се долгите фустани кои оддаваат префинетост и отменост, а чии силуети безгрешно ја следат линијата на женското тело.