Дамите кои се стремат кон елегантен и префинет изглед со леснотија ќе го создадат својот идеален свечен стајлинг благодарение на новата колекција на Rosa Clara.
Барселонскиот бренд на хармоничен начин спојува безвременска елеганција со модернистички елементи за да ги примами припадничките на понежниот пол кои претпочитаат умерен сексапил и големи дози софистицираност.
Колекцијата 2017 е поделена во три линии – It Girl, Elegance и So Chic.