Очигледно е зошто империјата на Тарик Едиз е во експанзија. Турскиот дизајнер, кој ги постави корените на својот бренд во мало ателје во Истанбул, веќе е присутен на пазарите во над 95 земји во светот.
Креациите со потпис на Едиз потекнуваат од турската метропола и се спој на женственост, класични кроеви и ефектни детали. Фустаните од неговата колекција 2017 непречено стигнуваат до дамските срца.
Без оглед дали трагате по едноставен вечерен фустан со сексапилна силуета или раскошна волуменозна тоалета која хипнотизира погледи, оваа колекција ќе одговори на вашите преференции.