Раскош, елеганција и екстравагантност се преплетуваат во креациите на Мак Туманг. Комплексните детали и бајковитите дизајни инспирирани од различните историски епохи, како и експериментирањето со различни ткаенини, го сместуваат талентираниот Филипинец меѓу најдобрите дизајнери во неговата татковина.
Секој од фустаните го има оној wow-ефект и има моќ да направи секоја дама да се почувствува специјално, па не е изненадување што многу невести му го доверуваат својот изглед на Туманг за моментите кога се заколнуваат на вечна љубов.
Туманг ја облече Филипинката Хилари Парунгао на натпреварот за убавина Мис на светот 2015 и доби награда за најдобра креација. И учесничката од Филипини на Мис на светот 2014 година носеше вечерен фустан од Туманг.