Шпанскиот бренд Pronovias многу добро умее да ги привлече невестите, но и дамите кои посакуваат да блеснат на свечените пригоди.
Софистицираните модели од колекцијата „Ceremony“ се спој на класична елеганција и суптилен гламур. Повеќето од фустаните ја следат линијата на женското тело, а минималните набори на ткаенините и сјајните декорации им даваат атрактивна текстура. Меѓу фустаните ѕиркаат и два отмени комбинезона.
Низ колекцијата се насетува инспирација од балските фустани карактеристични за 50-тите години.