Почетна » Новости » Мода » ФОТО: Викторија Бекам креира мини колекција чанти за „MyTheresa“

ФОТО: Викторија Бекам креира мини колекција чанти за „MyTheresa“

Викторија Бекам претстави капсулна колекција за луксузната онлајн продавница MyTheresa. Едноставна елеганција доминира кај моделите кои ќе го уловат погледот на дамите што обожаваат богати текстури и минималистички дизајн.

„Кога дизајнирам чанта, сè се врти околу тоа да дизајнирам нешто навистина луксузно“ – изјавила Бекам за „Вог“.

Чанти Викторија Бекам

Зголемувајќи ја динамиката на колекцијата, Викторија ги занемари омилените неутрални нијанси и покрај белата и црната боја, се насочи и кон ведрата циклама.

Чанти Викторија Бекам Чанти Викторија Бекам Чанти Викторија Бекам

Бекам за неколку години успеа да изгради голема модна империја и да влезе во тесниот круг на највлијателни дизајнери. Пред неколку дена таа одржа презентација на својата колекција пролет/лето 2014 во продавницата на MyTheresa во Минхен.

Викторија Бекам

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 15%
  • 24%
  • 61%
Се испраќа...

(Вкупно: 20822 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.