Почетна » Новости » Мода » ФОТО: Версаче со нова колекција на Париската недела на високата мода

ФОТО: Версаче со нова колекција на Париската недела на високата мода

Драматични форми, асиметричност, „нов волумен“ инспириран од стилот од 50-тите години, кристален гламур, провокативност, вака накратко би се опишала новата колекција висока мода на Версаче.

Донатела Версаче неочекувано се сврти кон стилот од 50-тите години, поточно кон високата мода на легендарниот дизајнер Чарлс Џејмс, кон неговата љубов кон структурираната естетика и кон неговиот несекојдневен пристап при конструирањето на креациите. „Тој ме наведе да мислам на нови волумени и нова конструкција, но погледнати низ очите на Версаче“ – рекла 59-годишната креаторка. „Ја обожавам високата мода од 50-тите. Според мене, таа беше најсовршена кога станува збор за кројот и конструкцијата“ – објаснила таа.

Корсетираните силуети, високите шлицови, многуте отсечоци и хибридните „фустан-панталони“ кои невоздржано го разголуваа телото се доказ дека Донатела никогаш нема да ја напушти идејата за истакнат сексапил. „Се разбира, никогаш не би го покрила телото целосно“ – коментирала таа.

Клучни детали по кои ќе биде препознатлива колекцијата се двојните ремчиња, кои најчесто стојат на колковите. Елегантните ракавици се уште еден показател за влијанието на модата од 50-тите години во новата рачно изработена колекција. Луксузните ткаенини во одредени моменти се украсени со сваровски кристали со што се засилува гламурозниот ефект.

Ревијата заврши со балски фустани „à la Versace“.

Колекција Версаче
Колекција Версаче Колекција Версаче
Колекција Версаче Колекција Версаче
Колекција Версаче Колекција Версаче
Колекција Версаче Колекција Версаче
Колекција Версаче Колекција Версаче
Колекција Версаче Колекција Версаче
Колекција Версаче Колекција Версаче
Колекција Версаче Колекција Версаче
Колекција Версаче Колекција Версаче
Колекција Версаче Колекција Версаче
Колекција Версаче Колекција Версаче
Колекција Версаче Колекција Версаче
Колекција Версаче Колекција Версаче
Колекција Версаче

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 15%
  • 24%
  • 61%
Се испраќа...

(Вкупно: 20831 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.