Русокосата убавица Блејк Лајвли планира постојано да е присутна низ медиумите. Само пред два дена беше објавена првата фотографија од нејзината соработка со Шанел, а веќе се распространуваат нови фотографии од рекламната кампања.

23-годишната актерка изгледа софистицирано и мистериозно додека позира со две чантички Chanel Mademoiselle.

Фотографиите се направени во Париз, а зад објективот на фотоапаратот бил самиот Карл Лагерфелд.


Популарната актерка од серијата Gossip Girl неколкупати има изјавувано дека соработката со Шанел е всушност остварување на еден нејзин сон.