Почетна » Новости » Мода » ФОТО: Блејк Лајвли во рекламната кампања за чантите Шанел

ФОТО: Блејк Лајвли во рекламната кампања за чантите Шанел

Објавена е првата фотографија од соработката на Шанел со младата ѕвезда Блејк Лајвли.

Фотографијата е направена од самиот Карл Лагерфелд за рекламната кампања за чантите Chanel Mademoiselle. На фотографијата, 23-годишната актерка е потпрена на ѕид со огледала, а најмногу паѓа в очи црвената блескава чантичка.

Блејк за ШанелБлејк за Шанел

Откако пред два месеци Блејк официјално стана рекламно лице на Шанел, таа се нема појавено никаде без да држи чанта Шанел во рацете.

Блејк Лајвли е една од најомилените актерки на модните дизајнери. Освен Лагерфелд, и Кристијан Лобутин е нејзин обожавател. Неодамна тој дури и именува обувки според неа, а вчера на интернет се појавија фотографии на кои се гледа како Лобутин лично ја носи на шопинг низ Париз. Среќна девојка!

Блејк и Кристијан во ПаризБлејк и Кристијан Лобутин во Париз

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 15%
  • 24%
  • 61%
Се испраќа...

(Вкупно: 20851 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.