Почетна » Новости » Мода » ФОТО: Блескав фустан со 150.000 кристали кој чини 260.000 евра

ФОТО: Блескав фустан со 150.000 кристали кој чини 260.000 евра

Престижната лондонска стоковна куќа Хародс во текот на оваа недела ќе изложи неверојатна колекција луксузни предмети со Сваровски кристали, меѓу кои ќе се најде и блескав фустан кој чини нешто повеќе од 266.000 евра.

Долгиот гламурозен фустан е изработен од реномираниот моден бренд Ralph&Russo, а ќе биде дел од изложбата наречена „Кристален Божиќ“, која ќе биде отворена за време на празничната сезона.

Фустан со кристали Фустан со кристали

Креативната директорка на Ralph&Russo, Тамара Ралф, изјавила дека штом ѝ била понудена задачата да создаде фустан со Сваровски кристали, веднаш добила инспирација од гламурозниот стил на 20-тите години.

Фустан со кристали Фустан со кристали

„Ова е првпат да искористиме толку многу кристали на еден фустан, да бидам попрецизна точно 152.000. За изработка на тоалетата беа потребни стотици часови и повеќе од 25 шивачи, но сме екстремно задоволни од завршената тоалета“ – изјавила Тамара.

Фустан со кристали Фустан со кристали
Фустан од кристали

Брендот Ralph&Russo е познат по екстравагантните тоалети со кристали за холивудските ѕвезди како Анџелина Џоли, Бијонсе и Ева Лонгорија, кои со став ги носат на големите свечени настани во Холивуд.

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 15%
  • 24%
  • 61%
Се испраќа...

(Вкупно: 19745 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.