Почетна » Новости » Мода » ФОТО: Бијонсе е тропска убавица во бикини и облека за на плажа од H&M

ФОТО: Бијонсе е тропска убавица во бикини и облека за на плажа од H&M

H&M ги објави фотографиите од летната кампања со Бијонсе. На егзотичните фотографии 31-годишната пејачка позира во костими за капење и облека за на плажа, инспирирани од нејзиниот индивидуален стил.

Рекламната кампања „Бијонсе како г-ѓа Картер во H&M“ била снимена на тропски локации на Бахамите. „Отсекогаш ми се допаѓало фокусирањето на H&M на пристапната мода. Навистина ми се допадна концептот на кој работевме за истражување на различните емоции на жената, претставени од четирите елементи – оган, вода, земја и воздух“ – изјави Бијонсе по објавувањето на веста за модната соработка.

Во кампањата се вклучени и бикини од колекцијата „H&M for Water“, кои помагаат во собирањето на парични средства за меѓународната непрофитна организација WaterAid.

Бијонсе за H&M Бијонсе за H&M Бијонсе за H&M Бијонсе за H&M Бијонсе за H&M Бијонсе за H&M

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 15%
  • 24%
  • 61%
Се испраќа...

(Вкупно: 20816 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.