Бијонсе е решена 2013 да биде нејзина година. Популарната пејачка го освојува светот со својата музика, но не останува подалеку ниту од модата.
Модниот бренд H&M објави дека Бијонсе е новото заштитно лице за летната колекција. Музичката ѕвезда ќе презентира модни парчиња инспирирани од нејзиниот индивидуален стил.
Засега е објавена само една од фотографиите кои биле направени на Бахами. Рекламната кампања ја претставува „Бијонсе како г-ѓа Картер во H&M“.

„Отсекогаш ми се допаѓало фокусирањето на H&M на пристапната мода. Навистина ми се допадна концептот на кој работевме за истражување на различните емоции на жената, претставени од четирите елементи – оган, вода, земја и ветер“ – изјавила Бијонсе.
Летната кампања ќе се фокусира на летна облека и костими за капење, вклучително и на бикините од колекцијата „H&M for Water“, кои помагаат во собирањето на парични средства за меѓународната непрофитна организација WaterAid.