Бар Рафаели ја претстави најновата колекција долна облека на брендот Passionata. 25-годишната убавица ги покажа своите познати облини во фотосесија за колекцијата есен/зима 2011.
Во фотосесијата, Рафаели умешно го менува својот изглед и е претставена како префинета или дива заводничка, секси секретарка и невина нежна убавица.
Сексапилната Израелка неодамна влезе и меѓу 10-те најжешки жени на машкото списание Maxim.
Но, она што во последно време најмногу ги заинтересира новинарите за неа е дали навистина се раздели со познатиот актер Леонардо Дикаприо, со кого Бар е во врска долги години.
Сингл или не, Бар Рафаели изгледа прекрасно како и секогаш.