Адријана Лима со својот мистериозен поглед ја краси насловната страна на списанието „Вог Бразил“. 30-годишната убавица сними прекрасен едиторијал за февруарското издание на списанието, во близина на границата меѓу Бразил и Аргентина.

„Специјална благодарност до прекрасните Андре Пасос и Џовани Фрасон што креираа толку магична корица“ – напиша Лима на Facebook пред да ја објави привлечната фотографија.
Сексапилната манекенка позираше на неколку фантастични локации.








Еве и неколку фотографии од „зад сцената“.



