Шерил има добар повод за славење. Познатата пејачка денес ќе го прослави својот 34. роденден.
Светска слава Шерил стекна откако стана дел од женската група Girls Aloud во 2002 година. По седум години, таа започна да чекори во музичкиот свет како соло артистка.
Убавата изведувачка на песната „Fight for This Love“ пред четири месеци стана мајка. Првото синче на Шерил и Лијам Пејн се роди на 22 март оваа година.
За холивудските свечености, музичката ѕвезда преферира креации кои ја истакнуваат нејзината витка фигура. Па, по повод нејзиниот роденден, потсетете се на нејзините највпечатливи стилски моменти.