Пред помалку од една недела Шерил и Лиам Пејн за првпат зачекорија како пар на црвениот тепих во Париз, а сега го продолжија својот француски моден маратон во Кан.
32-годишната пејачка и 22-годишниот член на групата One Direction присуствуваа на забава организирана од престижниот бренд за накит Шопард.
На свеченоста, која секоја година се организира во рамките на Канскиот филмски фестивел, Шерил блескаше во комбинезон од пролетната колекција на Зухаир Мурад.
Пред неколку дена заљубениот пар беше фотографиран на хуманитарната гала на „Global Gift Foundation“ во Париз.
Шерил и Лиам престанаа да ја кријат врската пред два месеци. Претходно, Шерил беше во брак со Жан-Бернард Фернандез-Версини, со кого се раздели на крајот на минатата година.